Евро-комесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеjи денеска изрази надеж дека Европскиот совет ќе може во март да го одобри отворањето на преговорите со БиХ за пристапување во ЕУ.
На заедничката прес-конференција со претседателката на Советот на министри, Борјана Кристо, по Вториот политички форум на високо ниво за европска интеграција на Босна и Херцеговина во Брисел, тој рече дека е потребен дополнителен напредок на полето на реформите и клучните обврски, како и дека Европската комисија е подготвена да му препорача на Советот на ЕУ да се отворат преговорите кога сето тоа ќе биде исполнето.
– Сакаме повторно да дојдеме, да речеме веќе во март, со нов напредок и се надеваме дека тогаш ќе може да започнат преговорите – истакна Вархеји.