Попладнево во центарот на Куманово се случило пукање, потврди СВР Куманово, од каде најавија детали по завршување на увидот. Едно лице се здобило со прострелни рани во двете нозе во пукотницата што се одвивала во близина на улицата „Борис Кидриќ“.
Од Кумановската општа болница потврдија дека кај нив со возило на Итна помош во 17: 38 часот е донесено машко лице со две прострелни рани на двете нозе.
Поради сериозноста на повредите, лицето е испратено за Скопје.