Катарскиот емир Тамим бин Хамад изјави дека самоодбраната не го оправдува, како што го опиша, „геноцидот извршен од израелските сили во Појасот Газа“.
-Самоодбраната не се однесува на окупацијата, според меѓународното право, и не дозволува геноцидни злосторства извршени од Израел, рече тој обраќајќи се на самитот на Заливот во Доха.
Тој рече дека израелските сили „ги прекршиле сите религиозни, етички и хуманитарни вредности со извршување на злосторства против човештвото“.
Катарскиот емир ги повика Обединетите нации да спроведат меѓународна истрага за „масакри извршени од израелските окупациски власти врз палестинскиот народ“.