Резултатите од спроведеното истражување за „Состојбата со насилство на младите во С. Македонија” покажуваат дека повеќе од 70 отсто од испитаниците го делат ставот дека најчест тип насилство кај младите е врсничкото насилство, а речиси 60 отсто од нив сметаат дека тоа е меѓуетничкото насилство.
Овие резултати укажуваат на фактот дека состојбата со насилство кај младите, нивната радикализација која може да води до насилен екстремизам и тероризам, е нестабилна. Целта на ова истражување било да се испита перцепцијата на младите, на граѓанските организации, на младинските работници и експертите за состојбата со младите и различните форми на насилство.
Во рамки на проектот „Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)” е креирана целосно функционална Платформа на граѓански организации (Платформата ,,Младите против насилство”) кои работат на полето млади и разните видови насилство и донесен е Стратешки план за работа за периодот 2024 – 2025 година, преку партиципативен процес на членките во работните состаноци кои се одржаа во Куманово, Струга и Скопје.