МВР тврди дека немало никаков обид за киднапирање во Карбинци, туку момче поканило ученичка во неговотo возило за да одат на кафе

Министерството за внатрешни работи демантира дека во едно основно училиште во Карбинци, имало обид за киднапирање на ученици. Како што информираат од СВР Штип, момче поканило во своето возило да влезе ученичка за да одат на кафе.

„Денеска (05.12.2023) во 09.52 часот во СВР Штип од Основно училиште во Општина Карбинци е пријавено дека околу 09.30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло младо машко лице, кое според пријавеното, поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе, но таа веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката“, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави