Напаѓачот на актуелниот италијански првак Наполи, Виктор Осимен е прогласен за најдобар играч во Серија А за сезоната 2022/23 во изборот на Асоцијацијата на професионални фудбалери во Италија.
Во изборот сосема очекувано доминираше Наполи, како шампион на Италија, со најголем број наградени. За најдобар тренер е избран Лучиано Спалети сегашниот селектор на Италија, кој го предводеше Наполи до „скудетото“.
Идеалниот тим за сезоната 2022/23 година во Серија А е следниот: Мајк Мењон (Милан), Џовани Ди Лоренцо (Наполи), Ким Мин – Џае (Наполи), Алесандро Бастони (Интер), Тео Ернандез (Милан), Станислав Лоботка (Наполи), Хакан Чалханоглу (Интер), Николо Барела (Интер), Квича Кварацкелија (Наполи), Виктор Осимен (Наполи), Рафаел Леао (Милан).