На 04.12.2023, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп ги лишиле од слобода Е.Б.(35) и О.М.(39), двајцата од Прилеп.
Тие се сомничат дека извршиле тешки кражби во возила и дека одзеле различни предмети.
Во службен разговор тие ги признале делата, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците.
По документирање на настаните против лицата ќе следува соодветна кривична пријава.