Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека ЕУ нема засекогаш да толерира трговски јаз меѓу блокот и Кина.
– Имаме средства да го заштитиме нашиот пазар – рече Фон дер Лајен, „но претпочитаме да дојдеме до решение преку преговори“.
Коментарот на претседателот на ЕК дојде само неколку дена пред посетата на делегацијата на ЕУ на Пекинг (7 декември), каде што претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ќе има средби со кинескиот претседател Кси Џинпинг и премиерот Ли Кианг.