ЦУК: Според последниот извештај вкупно 1.479 повици на 112

Во Центарот за управување со кризи според последниот извештај имало вкупно 1.479 повици на Единствениот број за итни случаи 112.

-„Реални“ повици за итни случаи биле 41,78 отсто, а 58,22 проценти други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие „други“ повици се растоваруваат од непродуктивни за нив, службите институциите во Системот за управување со кризи коишто се за итно интервенирање, информираат од ЦУК.

Согласно генералната природа на настаните кон Полиција биле упатени 49,38 отсто од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 44,40 проценти, а кон пожарникарите биле упатени 1,24 отсто.

Кон Центарот за управување со кризи имало 4,98 отсто од „реалните“ повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, што секако, заедно со другите 58,22 проценти „неитни повици“, биле предмет на примање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК.

Треба да знаете
Последни објави