Кино-салата „Фросина“ во МКЦ вечерва беше просторот каде се одржа промоцијата на монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес 1963“ за која авторите Ана Мартиновска и Жарко Иванов користеле архивски материјали од Васил Хаџиманов, таткото на Зафир.
Меѓу посетителите во публиката во МКЦ се најде и претседателот Стево Пендаровски.
По повод промоцијата, Ана Мартиновска на социјалните мрежи напиша: -Македонскиот народ отсекогаш тажел со зборови, со редење и со пеење тажни песни. Затоа и ние решивме да го одржиме денешниот настан во спомен на насилно прекинатите животи на Вања и Панче, во спомен на жртвите од скопскиот земјотрес и во чест на Васил Хаџиманов, благодарение на кој го имаме овој фолклорен тестамент за најзначајниот миг од меморијата на градот во рушевини.