Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку нивниот пратеник Игор Јанушев се обиде да ја политизира трагедијата и да ќари ситни политички поени во моменти кога целата македонска држава тагува за изгубените животи на Вања и Панче.
Јанушев одржа невкусна политиканска прес-конференција на која изнесе низа шпекулации и дезинформации, што предизвика револт кај граѓаните кои им порачаа на партијата дека се грозни што се обидуваат да добиваат политички поени на ваква трагедија.
„Навистина сте грозни! Срамота ДПМНЕ на што сте спремни само за политички поени“, „Бери поени човекот, резил!“, „Само со изопачен ум како твојот може така да се размислува. Кој би скрил убиец бе лопужо, со такви навреди кон вработените во МВР треба јавно да се извиниш и да одговараш кривично“ се само дел од коментарите на социјалните мрежи под веста за прес-конференцијата на Јанушев.
Граѓаните исто така забележуваат дека најголем дел од обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ им завршуваат со прашалници, свесни дека го користат немилиот настан за собирање евтини политички поени.
Освен ВМРО-ДПМНЕ, во обид политички да се профитира од трагедијата тргна и Левица со своите лажни страници на социјалните мрежи. Преку една од ваквите лажни страници, на која редовно се споделуваат сите партиски соопштенија, тие повикуваат на некаков протест, во време кога службите и институциите го решаваат случајот, има приведени и делото е признато.