Закани со експлозив во училиште во Словачка: полицијата на терен

Учениците од гимназијата Алберт Ајнштајн во братиславска Петржалка биле пратени дома бидејќи, како што се наведува во соопштението на училиштето, имало закана од експлозив или пукање во училиштето, објави словачкиот сајт „Topky.sk“, пренесува словачки CNN.

Според медиумот, училишната управа се справува со ситуацијата заедно со полицијата, а учениците се испраќаат дома.

Според информации на сајтот, непознатиот сторител упатил закани до некои училишта велејќи дека планира да убие некого од нивното раководство.

Треба да знаете
Последни објави