Првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, избегал од Македонија, преку Србија, па низ Бугарија се упатил кон Турција. Според информациите на Јавното Обвинителство, Љупчо Палевски-Палчо во саботата, на 2 декември, бил регистриран на граничниот премин Калотина помеѓу Србија и Бугарија, по што се упатил кон Турција на преминот Капитан Андреево – тракеторија во времетрање од околу 3 часа и 40 минути со автомобил.
Ова се случувало дента кога министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски објави дека претходната вечер биле приведени пет лица за случајот со исчезнувањето на 14-годишната Вања, а обезбедно било и возило.
Палевски на 2 декември патувал во возило од марката „ланд ровер“, кое го управувало лицето што денеска беше приведено поради сомнеж за помагање. Обвинителството за возачот бара 48 часовен притвор.
Претходно беше објавено дека Палевски до Белград го возел неговиот адвокат, Васко Стојков, кој тврдеше дека не знаел за убиствата. Адвокатот, во изјава за „Телма“ објасни дека Палевски побарал од него да го однесе во Белград на преглед, бидејќи немал возило. Потоа, Стојков се вратил во Скопје, а Палевски останал во Србија, навестувајќи му дека ако не е во ред прегледот, ќе замине за Истанбул.