Се уште испитуваме, но станува збор за малоумни, за монструми, за луѓе кои што не можат да се наречат луѓе, тоа е факт“, порача министерот Оливер Спасовски на вечерашната вонредна прес конференција пред МВР.
Според Спасовски,нема сомневања дека некој издал информација од Министерството за внатрешни работи за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, па затоа, лицето осомничено како организатор и реализатор, Љупчо Палевски-Палчо избегало од Македонија, но сепак истото е пронајдено, додавајќи дека тој е пронајден и сега сите потези се во рацете на Министерството за правда кое треба да ја реализиа екстридацијата на Палевски.