Варуфакис: Загрижува што Европејците стануваат сè посиромашни

Загрижувачки е што Европејците стануваат посиромашни, не само како популација, туку сите поединечно, изјави денеска грчкиот економист и поранешен министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис на втората регионална конференција „Look up“ во Копаоник.

„Да ве потсетам, во 2008 година просечниот приход во целата Европска унија, а тука ја гледам и Велика Британија, беше за 10 отсто поголем отколку во САД. Тоа беше просечниот приход во Америка, но во 2022 година Америка има 26 отсто повеќе приходи отколку во Европа минатата година“, рече Варуфакис.

Тој додаде дека овој факт е загрижувачки, бидејќи покажува дека населението во Европа станува сиромашно. Варуфакис рече дека основната потрошувачка за зелената транзиција секоја година се зголемува за 5.000 евра. Тој нагласи дека Европската инвестициска банка, која е шест пати поголема од Светската банка по капацитет за подигање на глобален долг, нема доволно пари за земјите кои се во зелена транзиција.

Треба да знаете
Последни објави