Кусото „Не“ на претседателот Стево Пендаровски на прашањето дали размислува за кандидатура за втор мандат, ги отвори вратите за различни комбинации, за тоа кој би бил кандидат на СДСМ и нивниот Европски фронт на претседателските избори в година.
Иако Пендаровски не прецизира дали неговото „Не“ се однесува на тоа дека не размислувал се уште за кандидатура или пак донел конечна одлука, сепак неговото име до денес беше едно од оние кои беа со најголеми шанси да бидат кандидати на најголем дел од партиите од парламентарното мнозинство.
Другото име кое покрај Пендаровски најмногу се вртеше во јавноста и низ партиските и медиумски кулоари, беше името на Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, кој деновиве дожвиеа вртоглав раст на личниот рејтинг, по последната акција за случајот со малата Вања, но и успешните полициски акции во измнинатиот период.
СДСМ пред некој ден ја започна постапката за избор за кандидат за претседател и започна иницијатива за формирање на Европски блок повикувајќи ги сите политичкипартии, невладини органзиации, граѓански иницијативи и поединци да се приклучат.
Финализирање на кандидатот на СДСМ ќе тече низ опсежна процедура имајќи предвид дека името на кандидатот треба да биде прифатливо и за останатите субјекти од коалицијата односно од Европскиот пат.
Првиот круг за претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот на 8ми мај па оттука, очекувано во неделите и месеците пред нас се повеќе да се наметнува темата за тоа со кои се имиња ќе биде пополнето гласачкото ливче на претседателските избори.