Ердоган: Турција го отфрла планот за „тампон зона“ за Газа

Турција ги отфрла плановите за воспоставување тампон зона во Газа по завршувањето на борбите во енклавата, изјави денес претседателот Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека таквиот план е „непочитување“ за Палестинците.

Ројтерс минатата недела објави дека Израел информирал неколку арапски држави и Турција за плановите за тампон зона.

Ердоган рече дека за иднината на Газа ќе одлучи палестинскиот народ по војната и дека Израел мора да ги врати териториите што ги окупира, пишува Хабертурк, пренесува Хаарец.

Тој исто така рече дека поддршката на Западот за Израел, поточно од Соединетите Држави, ја предизвика актуелната ситуација во регионот и го предупреди Израел да не ги лови членовите на Хамас во Турција, велејќи дека Израел ќе плати многу висока цена за тоа.

Треба да знаете
Последни објави