Закана поголема од Чернобил: Од најопасната нуклеарна централа во Европа истекува радиоактен отпад

Се шири загриженост поради нуклеарниот отпад содржан во силосот на нуклеарната централа Селафилд. Продолжува да истекува радиоактивен отпад од пукнатините во бетонскиот силос, но и од резервоарот Б30, кој содржи радиоактивен талог.

Тоа е проблем кој може да предизвика дипломатски конфликт меѓу Англија, Норвешка и Ирска, кои сметаат дека фабриката во Селафилд не е способна безбедно и совесно да ја реши ситуацијата. Норвешките власти се особено загрижени бидејќи радиоактивниот облак од Селафилд, во случај на катастрофа, за само 12 часа би ја прекрил целата земја, како и делови од Шведска, Финска, Литванија и Летонија.

Ирскиот и англискиот град Селафилд ги делат само неколку километри море, па постои страв од излевање на отпад бидејќи е во непосредна опасност.

Иако 11.000 луѓе работат во Селафилд со задача да складираат и преработуваат нуклеарен отпад од програмата за оружје и производството на нуклеарна енергија, на Селафилд му е сè потешко да се справи. Во извештајот на Европската унија од 2001 година за нуклеарната централа Селафилд, јавноста првпат беше запознаена со проблемите што ја засегаат англиската нуклеарна централа.

Секое излевање на нуклеарен отпад би предизвикало поголема катастрофа од Чернобил, имајќи предвид дека акумулираниот отпад е многукратно поголем од оној што некогаш бил складиран во украинската нуклеарна централа, пишува Гардијан.

Загриженоста е толку голема што се вклучија и експерти за управување со нуклеарен отпад од САД, кои сметаат дека целиот објект е нестабилен поради оштетената инфраструктура.
Дополнително, нетранспарентноста на властите на Обединетото Кралство, кои со децении го прикриваат целиот случај, дополнително ја влошува ситуацијата.

Раководителите на нуклеарната централа ги демантираат катастрофалните извештаи, а како своја одбрана изнесуваат податоци дека од 2019 година, кога се случи првото истекување на отпадот, до денес отпадот е значително намален и протекувањата се контролирани.

Треба да знаете
Последни објави