За граѓаните најкорумпирани се министрите, пратениците, судиите, лидерите на партии

На секој трет граѓанин во државата му било побарано мито, секој четврт дал мито во 2022 година. Само 98 лица се осудени за злоупотреба на службената должност или за поткуп, што значи дека стапката на ефикасност на институциите е 0,026% за случаите откриени и завршени со пресуда. Овие загижувачки податоци од направено истражување ги соопшти Александар Кржаловски од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамките на Отворениот форум за антикорупција кој деновиве се одржува во Скопје.

Истаржувањето покажува дека три четвртини од граѓаните (74,4%) сметаат дека корупцијата е распространета меѓу службените лица и дека ова е зголемување за пет процентни поени споредбено со 2021 година. За граѓаните опфатени во истражувањето најкорумпирани се министрите, пратениците, судиите и лидерите на политичките партии…

Претседателот на државата, Стево Пендаровски смета дека корупцијата ќе биде најголемата пречка во нашиот процес на европските интеграции, а евроамбасадорот Дејвид Гир порача дека ЕУ го гледа Западен Балкан како приоритет и дека очекува да бидеме бескрупулозни во борбата против корупцијата.

Треба да знаете
Последни објави