Од Бигорскиот манастир прашуваат дали ќе има ли одговорност за соработниците на Палевски од врвот на МПЦ-ОА

Бигорскиот манастир при Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), во реакција за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, ја потсетува јавноста на состојбите што му претходеле на овој настан, посочувајќи дека вината за трагедијата лежи токму во ерозијата на општеството.

Оттаму велат дека со години наназад биле мета на напади на осомничените, но напоменуваат и дека тие луѓе добивале поддршка од високи претставници на МПЦ-ОА.

Бигорскиот манастир е единствената црковна институција под МПЦ ОА која упати сочуство кон семејствата на жртвите и единствена која проговоре за односите на високи свештени лица со осомничените лица за двојното убиство.

Треба да знаете
Последни објави