Регионална работилница за управување со големи месојади

Регионална работилница за размена на искуства за управување со големи месојади (мечка, рис, волк) ќе се одржува денеска во Клубот на пратеници во Скопје.

Ќе учествуваат експерти од областа и преставници на надлежни институции од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија.

Како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање, програмата вклучува практичен и теоретски дел и обука за идниот тим за интервенции, што ќе се одржи на 7 декември во ЗОО Скопје.

Работилницата се спроведува како соработка на Министерството за животната средина и просторно планирање и Динарско-балканско-пиндската платформа со цел да се отвори можност за заедничка дискусија на ниво на раководители на надлежни служби, експерти, како и научници за пристапите за управување со популацијата на големите месојади во Северна Македонија.

Меѓу целите се и постигнување договор за формирање на координативно тело за големи месојади, формирање на тим за интервенција, собирање и споделување податоци, следење и воспоставување долгорочна стратегија за управување со големи месојади во регионот.

Треба да знаете
Последни објави