Спасовски на свечен прием по повод 30 години дипломатски односи со Франција

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва на покана од амбасадорот на Француската Република, Н. Е. Сирил Бомгартнер, присуствуваше на културно збиднување и прием по повод одбележувањето на значајниот јубилеј – 30 години воспоставени дипломатски односи помеѓу Република Северна Македонија и Француската Република.

„Француската поддршка на македонскиот евроинтеграциски пат, е особено зајакната последните неколку години имајќи го предвид нашиот реформски процес насочен кон исполнување на стандардите на ЕУ. Имаме добра билатерална и меѓународна соработка, како од регионален, така и од европски безбедносен аспект.

Пријателските односи, довербата, отсуството на отворени прашања, како и соработка во голем број области од заемен интерес, како што е впрочем и одличната соработка помеѓу нашите две Министерства за внатрешни работи, се само доказ за успешното партнерство во унапредувањето на капацитетите на македонската полиција, и генерално, во подобрување на севкупното општествено живеење.

Нека е за многу години пријатели“ објави Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави