Јакимовски: Кога сите тагуваме, ВМРО-ДПМНЕ сака политички да се пресметува

Остри зборови против ВМРО-ДПМНЕ употреби градоначалникот на Карпош и претседател на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

„Ова е најодвратниот дел од политиката. Наместо сите да тагуваме, ВМРО-ДПМНЕ гледа политички да се пресметуваат. Вчера излегоа со прес-конференција, направиле републички штаб за избори, претседател ќе бирале на конвенција. Кога целата држава е во тага, тие се пресметуваат со политички противници“ рече Јакимовски во „Студио 10“ на ТВ24.

Според Јакимовкси, ова е време кога сите треба да тагуваат и сочувствуваат со жртвите.

„Ова е израз на политички простотилук, ништо повеќе од тоа. За жал, тој политички простотилук се обидува да ја води државата“ рече Јакимовски.

Треба да знаете
Последни објави