Четирите лица, кои се товарат за грабнување и убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, меѓу кои и за таткото на 14-годишното девојче, добија триесетдневен притвор.
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за определување мерки притвор против 4 лица кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, а поврзани со грабнувањето и убиството на малолетната В.Ѓ. од Скопје и убиството на велешанецот П.Ж., ценејќи ги приложените факти и исказите на обвинетите во однос на предлогот за притвор донесе решенија со кои го прифати предлогот на Јавниот обвинител, информираа од Кривичниот суд.
Воедно, судија на претходна постапка го прифати и предлогот за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа за С.Д. кој е осомничен за кривичното дело Помагање на сторител во извршено ккивично дело од чл. 365 ст. 3 вв ст.1 од КЗ, а заради постење на основите од точка 1 и 3 од став 1 на чл. 165 од ЗКП –додаваат од судот.