Започна производството на електричниот автомобил на Шаоми

Најавите дека компанијата Шаоми ќе започне со производство на електрични автомобили сега се остварија, јавуваат странските медиуми. Компанијата веќе го започна процесот на верификација на производната линија за електричниот автомобил Шаоми SU7, што значи дека производството е во тек.

Се очекува дека во првата испорака ќе бидат 300 автомобили кои нема да бидат за крајните корисници. Тие ќе можат да се гледаат и евентуално да се нарачаат во салоните низ Кина.

Шаоми има за цел да произведува возила што нема да имаат никакви проблеми, како и да се фокусира на квалитетот наместо на квантитетот. Првиот електричен автомобил на компанијата треба да остави добар впечаток пред да се појават уште два модели на пазарот во следните три години. Се планира уште еден електричен автомобил, а потоа хибрид, кој моментално е во фаза на дизајнирање.

Треба да знаете
Последни објави