Образованието на момчињата во Авганистан е изложено на ризик под власта на Талибанците, предупредува „Хјуман рајтс воч“

Поради промените во наставната програма, употребата на физичко казнување и отпуштањето на учителките, образованието на момчињата во Авганистан е изложено на ризик на долг рок под власта на талибанците, предупредува меѓународната организација за човекови права „Хјуман рајтс воч“, цитирана од ДПА.

Откако талибанците ја вратија власта во земјата во август 2021 година, тие се најдоа на удар главно поради ограничувањата што ги наметнаа на образованието на девојчињата, на кои им е целосно забрането да одат на училиште по седмо одделение и да посетуваат универзитети.

Отпуштените наставнички се заменуваат со неквалификувани наставници или нивните работни места целосно се затвораат.

Досега, помалку внимание се посветуваше на негативното влијание на талибанското владеење врз образованието на момчињата, вели Хјуман рајтс воч во извештајот заснован на извештаите на учениците и родителите од осмо одделение.

Во него се вели дека предметите како што се фискултура, цртање и англиски јазик честопати биле исфрлани од наставната програма или повеќе не се предаваат поради недостиг на наставници.

Во извештајот се забележува дека „неправилните фризури“ и поседувањето мобилен телефон служат како причина за честите физички казни. 

Треба да знаете
Последни објави