Убиени двајца украински соработници на Путин за неколку часа

Американскиот Newsweek објави дека двајца сојузници на рускиот претседател Владимир Путин се убиени за неколку часа.

Отворена е истрага за убиството на поранешниот украински политичар Илја Кива, 46-годишен проруски политичар чие тело е пронајдено во предградие во близина на Москва. Како што пренесе АФП, официјален претставник на украинската одбрана рекол дека Службата за безбедност на Украина (СБУ) го организирала атентатот.

Рускиот истражен комитет изјави за АФП дека „непознато лице пукало“ во поранешниот пратеник и дека е покрената истрага за неговото убиство.

Кива беше проруски пратеник во украинскиот парламент пред инвазијата на Москва на Украина во февруари минатата година, но тој побегна во Русија еден месец пред почетокот на војната и често ги критикуваше украинските власти. Киев го смета за предавник. Андриј Јусов, портпаролот на украинската воена разузнавачка служба за националната телевизија вели дека иста судбина ќе ги снајде сите предавници на Украина. 

Руските медиуми објавија и дека Олег Попов, поранешен пратеник на парламентот на самопрогласената Луганска Народна Република, дел од Украина под руска окупација, вчера загинал во експлозија на автомобил.  Полицијата за рускиот прорежимски ТАСС изјави дека Попов е убиен во близина на стадионот „Авангард“ во градот Луганск. Јуриј Јуров, пратеник во парламентот на ЛНР, ја потврди смртта на Попов на својот канал на Телеграм. Повеќе функционери на Москва во окупираните региони загинаа на ист начин, во експлозии на бомба во возилата. 

Треба да знаете
Последни објави