Новитет во ваучер системот е тоа што спортистите ќе ги добијат парите на двапати, односно Мојсовски кажа дека тоа ќе се случи во март и во јули, додека останатите детали ќе ги објават во понеделник.
„Се направи измена и повеќе ваучер-системот не постои, туку ова ќе биде помош од државата кон федерациите, клубовите и спортистите. Јас се залагав да се смени методот, откако дојдов на оваа позиција. Барав парите директно да дојдат до чинителите. Повеќе нема да постојат малверзациите со тоа што фирмите им бараат средства назад на федерациите и клубовите, туку државата ќе ги исплаќа на двапати, и тоа во март и јули“, кажа Мојсовски.