Извршниот комитет на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), одлучи да дозволи настап на руски и белоруски спортисти на Летните олимписки игри во Париз 2024 година. Русите и Белорусите ќе земат учествуво само во поединечните спортови, без државни одбележја од земјата од која доаѓаат, знаме и химна. Учесници на ЛОИ нема да можат да бидат спортисти-поедници кои биле учесници во војната, како и да не давале изјави за поддршка на воената агресија врз Украина.
Во моментов, само 11 спортисти од овие две земји имаат обезбедно олимписки норми за Париз.
Од Министерството за млади и спорт на Украина оваа одлука ја нарекоа неодговорна, и најавија дека во наредниот период, по консултации со спортистите и политичките власти во Украина ќе одлучат дали ќе се појават на ЛОИ во Париз. Засега 60 украински спортисти имаат олимписки норми за Игрите во Париз кои ќе се одржат од 26 јули до 11 август следната година.