Џафери: Функцијата премиер ќе ја извршувам одговорно

Претседателот на Собранието од редовите на ДУИ, Талат Џафери, се огласи во јавноста со видео порака откако ја доби довербата во поратијата да биде технички премиер во период од 100 дена пред изборите, односно од 28 јануари до 8 мај.

-Ми претставува особена чест за доделената доверба од партиските органи и секако можам да кажам дека и оваа функција со должна почит и одговорност ќе биде спроведена од моја страна, како одговор на поддршката од партиските органи и граѓаните, порача Џафери.

Именувањето на технички премиер кој во предизборниот период ќе дојде од редовите на ДУИ , беше дел од коалицискиот договор меѓу екслидерот на СДСМ, Зоран Заев и на ДУИ, Али Ахмети, а по изборите во 2020 година. На тие избори ДУИ водеше предизборна кампања повикувајќи ги граѓаните да го изберат првиот премиер Албанец.

ДУИ донесе одлука Фатмир Бесими да го предводи партискиот изборн штаб. Лидерот на ДУИ, Ахмети е овластен да ги продолжи разговорите со политичките партии за евентуални коалиции за претседателските и парламентарните избори.

Треба да знаете
Последни објави