Абас: Газа е уништена, одговорни се и САД

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска изјави дека меѓународната мировна конференција е неопходна за да се стави крај на војната во Газа и да се најде трајно политичко решение што ќе доведе до формирање на палестинска држава.

Toj рече дека „конфликтот меѓу Израел и Палестинците воопшто достигнал алармантна фаза која бара меѓународна конференција и гаранции од светските сили“.

-Јас сум за мирен отпор. Јас сум за преговори засновани на меѓународна мировна конференција и под меѓународно покровителство што би довело до решение под заштита на светските сили за формирање на суверена палестинска држава во Појасот Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим, нагласи тој.

Абас рече дека врз основа на обврзувачки меѓународен договор, тој ќе ја оживее ослабената палестинска управа, ќе ги спроведе долгоочекуваните реформи и ќе одржи претседателски и парламентарни избори. Тој додаде дека палестинската управа се придржувала до сите мировни договори потпишани со Израел, од Договорот од Осло од 1993 година до другите, но дека Израел ги прекршил своите ветувања за ставање крај на окупацијата.

-Кој и да победи – победи, ова ќе бидат демократски избори, рече тој на прашањето дали ќе ризикува да ги одржи изборите со оглед на можноста Хамас да победи како во 2006 година.

Треба да знаете
Последни објави