Генералното собрание на Обединетите нации едногласно ја усвои Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид на 9 декември 1948 година.
– Иако оттогаш поминаа 75 години и покрај бројните напори да се елиминираат основните причини за ова страшно злосторство, сè уште сме сведоци на манифестации на засилен национализам, говор на омраза, ксенофобија и расно и етничко профилирање низ светот. Денеска е можност да се повтори повикот до сите потписнички на Конвенцијата, од кои 152, целосно да се заложат за исполнување на нивните обврски во спречувањето и казнувањето на злосторството геноцид. Декларативните изјави сами по себе не се доволни, но итно ни треба решителна акција – вели Борел.
Тој додава дека оваа посветеност е должна на Рафаел Лемкин, кој неуморно се бореше за да ги спречи злосторствата на холокаустот никогаш да не се повторат.
-Исто така, им должиме на сите жртви и преживеани од ова грозоморно злосторство, кое повеќепати беше предадено од меѓународната заедница низ годините. Ги повикуваме членките на Советот за безбедност на ОН да преземат одговорност за своите постапки и да се воздржат од користење на правото на вето во случаите на масовни злосторства. Европската унија останува непоколеблива во својата заложба за заштита од криминалот на глобално ниво. Ќе продолжиме да ги унапредуваме нашите напори да ставиме крај на неказнивоста и да обезбедиме правда и репарации за жртвите. Геноцидот и другите злосторства според меѓународното право не смеат да останат неказнети. Тоа е нашата колективна морална обврска кон човештвото – наведува тој и вели: „Жртвите заслужуваат правда, секогаш и секаде“.