Палчо имал чудни врски со црковните кругови, со владиката Петар заедно собираа потписи, а поддршка имаа и од Агатангел

„Што со оние соработници на тој демонизиран убиец – меѓу кои, за голема жал, има и извесни личности од црковните кругови, кои го поддржуваа во неговата злоба, му доставуваа клеветнички информации, го поттикнува на разни начини да го врши делото сатанско – злословието и омразата“, реагираа од Бигорскиот манастир, по објавувањето на информациите дека главниот осомничен за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски е Љупчо Палевски Палчо. Оттаму запрашаа „дали ќе има одговорност и за нив или, едноставно, ќе дозволиме и понатаму да се шири канцерот на злобата во нашето општество?“

Монасите од Бигорскиот манастир реагираа за врските помеѓу Палчо и луѓе во црковните кругови и кажаа дека тие и нивниот игумен често биле мета на навреди и закани од страна на Палчо и луѓето околу него кои го поддржувале и му давале информации и логистика.

Партијата Десна, заедно со Владиката Петар собираа потписи за т.н. декларација за МПЦ-ОА, која што воопшто не соодветсвува со православното црковно учење, туку беше исполнета со национализам и етнофилетизам кој се смета за ерес во црквата. Поддршка за собирањето на потписите и ваквата декларација јавно даваа и и митрополитот Кумановско-осоговски Григориј и митрополитот Агатангел.

Дополнително прашање кое се наметнува е кој ја контролирал заштитата на личните податоци на луѓето кои се потпишале на оваа т.н. декларација и со кого се биле споделени таквите информации од граѓаните. Доколку се земе како точна бројката која ја соопшти Палчо, 50 илјади потпишани, тоа е една цела база на податоци, која може да биде злоупотребена за политички или криминални цели.

За блиските врски меѓу Палчо и владиката Петар сведочат сликите споделувани на социјалните мрежи, а во еден од неговите поткасти, Палчо истакна дека со благослов од Петар бил испратен и во Москва.

Треба да знаете
Последни објави