Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
Прикривање докази е кривично дело, но и непостапувањето согласно процедурите исто така. И двете нешта треба да ги загрижат СДС.
Токму тие се власт и токму нивни кадри ги раководат институциите кои ако не направеа пропусти, ако реагираа на време или ако не го штитеа и охрабруваа Палчо немаше да дојде до оваа трагедија. Впрочем ако пред 7 месеци беа санкционирани Палевски и истата негова група за нелегално копање артефакти во Демир Капија и поседување нелегално оружје, немаше да дојде до оваа трагедија со изгубени два невини животи.
Но СДС одбра да со неказнивост и сеење на токсична атмосфера да им го чисти патот на радикални медиуми и контроверзни ликови како Палчо да бидат опозиција на опозицијата. Негуваа монструм добија Франкенштајн и тоа ќе им тежи на совест.