Во Собранието денеска ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2023 година.
Државната награда „Св. Климент Охридски“ за остварување во областа на воспитанието и образованието ќе и биде доделена на проф. д-р Рабије Мурати, универзитетски професор, а за остварување во областа на културата и уметноста на филмскиот режисер Антонио Митриќески.
Државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2023 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија.