Рано утринава се слушнаа експлозии во близина на американската амбасада во ирачкиот главен град Багдад и се огласија сирените, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на добро информиран извор.
Портпаролот на амбасадата не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.
Не е јасно дали се активирани системите за противвоздушна одбрана на амбасадата и дали е причинета некаква штета. Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот.
Повеќе од 70 напади се извршени врз американските сили во воените бази во Ирак и Сирија од средината на октомври, а дипломатските мисии се поштедени.