Милијардерот и бизнисмен Илон Маск изјави дека шефот на Дизни, Боб Ајгер треба да биде „отпуштен веднаш“ откако Дизни престана да се рекламира на неговата платформа Х, порано Твитер.
– Волт Дизни се врти во својот гроб поради тоа што Боб и го направи на својата компанија – изјави Маск во низата објави против медиумскиот гигант.
Тоа доаѓа само една недела откако Маск на компаниите кои се приклучија на бојкотот на рекламирањето на неговата платформа им порача „да се носат…“
Некои фирми го прекинаа рекламирањето на X поради изјавите на Маск и загриженоста за антисемитизмот.