Ракометарките на Норвешка ја совладаа Словенија (34:21) и се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство (СП). Словенија посериозен отпор пружи во првото полувреме (12:17), а во вториот дел целосна доминација имаше Норвешка која стигна до убедлив трииумф. Херем од редовите на Норвешка со шест голови беше најефикасна, а кај Словенија, Алја Варагиќ заврши со пет погодоци.
Норвешка и Франција имаат по осум бодови во групата 2 и веќе се пласираа во четвртфинале на првенството.
Холандија беше убедлива против Украина со 40:21, во групата 4 каде со осум бода е првопласирана, а по шест имаат Шпанија и Чешка.