Централното претседателство на Демократската унија за интеграција денеска во Тетово донесе одлука премиер на Владата на Северна Македонија од 28 јануари, за периодот до изборите ќе биде актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери, објави на социјалните мрежи Бујар Османи.
За шеф на Централниот изборен штаб за изборите 2024 година е избран Фатмир Бесими.
Претседателот на Партијата Али Ахмети доби овластување од Централното претседателство на ДУИ да ги продолжи разговорите со политичките партии и да одлучува за евентуални коалиции за претседателските и парламентарните избори.