Македонија Ѓорче Петров загуби на гостувањето во Гостивар кај истоимениот тим во воведниот меч од последното 18. есенско коло во фудбалската прволигашка конкуренција со гол примен од пенал во последната минута од регуларниот дел. Гостите реагираа жестоко уште на теренот, откако прет да биде покажано на белата точка за домаќините не е дсуден казнен удар во нивна полза. Главниот судија Стојанче Стојанов не виде најстрога казна, но луѓето од Ѓорче Петров вината не ја бараат само кај него.
– Не е само Стојанче Стојанов виновник за ваквите ситуации во 1 МФЛ. МАРЈАН РИСТЕСКИ и оваа СУДИСКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ФФМ се поголеми виновници и воедно потврдија дека се најслабата судиска комисија во историјата на ФФМ, без никаков авторитет.
– МАРЈАН РИСТЕСКИ и ДИМИТАР МЕЧКАРОВСКИ време е за оставки – порачаа од Ѓорче Петров.