Со вешт политички маневар СДСМ и ДУИ го срушија наративот на ВМРО-ДПМНЕ и Левица за наводна албанизација на државата

Според синоќешните брифирања од владејачката СДСМ, вчера уште додека траел состанокот на раководството на ДУИ, претседателот на партијата Димитар Ковачевски, за во недела закажал состанок на раководството на СДСМ, на кој од страна на претседателот на партијата Димитар Ковачевски се очекува Јован Митрески да биде предложен за Претседател на Собранието, а потоа и потврден од страна на раководството и Извршниот одбор на СДСМ.

Со назначувањето пратеникот од СДСМ, Митревски да биде на чело на Собранието, се разбива наративот на ВМРО-ДПМНЕ и Левица за наводна албанизација на државата.

Двете опозициски партии со години, а особено во последните неколку месеци ширеа шпекулации дека сите највисоки државни функции ќе им припаднат на лица од албанската етничка заедница со цел најверојатно да предизвикаат револт помеѓу граѓаните од македонска националност.

Инаку Митрески со години ја предводи пратеничката група на СДСМ, а на последните парламентарни избори во 2020 година, беше и ко-носител на пратеничката листа во петтата изборна единица.

Треба да знаете
Последни објави