Џафери технички премиер, Пеце Мирчевски прв вицепремиер во Владата?

Вчера и официјално стана јасно дека Талат Џафери ќе биде премиер најмалку 100 денови во техничката влада, додека неговото место во Собранието ќе го заземе координатарот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

Во таква ситуација, кога ДУИ би имала премиер, неизвесно е дали оваа партија ќе има и прв вицепремиер во Владата, функција што сега ја извршува Артан Груби.

Како што брифираат извори од СДСМ, техничката влада ќе има и нов прв вицепремиер и тоа најверојатно ќе биде сегашниот директор на Службата за општи и заеднички работи во Владата, Пеце Мирчевски.

Мирчевски е долгогодишен член на СДСМ, а од минатата година има и висока партиска функција, односно е претседател на Комисијата за животна средина и просторно планирање.

Треба да знаете
Последни објави