Астон Вила по триумфот против актуелниот европски и англиски првак Манчестер сити (1:0) имаше решение и за лидерот во фудбалската премиерлигашка конкуренција Арсенал (1:0), кого вечерва како домаќин го совлада во 16. коло и му овозможи на Ливерпул да го симне од врвот.
Шкотскиот интернационалец, Скот Мекгин, беше херој во составот од Бирмингем кој го постигна победничкиот шпогодок уште во во седмата минута. Ова беше 11. победа за Астон Вила по 16 одиграни кола. Астон Вила стави крај на серијата од шест победи по ред на „топчиите“, од кои четири беа во англиската елита. Арсенал за момент помисли дека може да остане непоразен, откако во последната минута гол постигна Еди Нкетија, но беше поништен поради игра со рака.
На победата од Астон Вила најмногу се израдува Ливерпул, кој по триумфот со пресврт кај Кристал палас (2:1) стана лидер во Премиер лигата. „Црвените“ се први со 37 бода, еден повеќе од Арсенал, а два од третопласираниот тим на Астон Вила.