Бетис и Реал Мадрид ремизираа (1:1) во 16. коло од шпанската фудбалска Ла Лига. Реал Мадрид остана на лидерската позиција, но сега само со еден бод предност пред најпријатното изненадување сезонава Жирона, која доколку утре приореди ново изненадување против Барселона, ќе се искачи на првото место на табелата. Бетис е седмопласиран на табелата со 25 бода, но останува несовладан пред своите гледачи во Ла Лига сезонава.
Реал Мадрид поведе со голот на Џуд Белингам во 53-та минута, а Бетис израмни со погодокот на Аитор Руибал во 66-та минута.