По триумфот над Челзи во минатото коло, Манчестер јунајтед во 16. коло од англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција доживеа дебакл на „Олд Трафорд“ од Борнмут (0:3). Шокот за „црвените ѓаволи“ стигна само еден ден откако тренерот Тен Хаг и Мегваер добија награди за најдобри на месецот во премиерлигашката конкуренција.
Манчестер јунајтед можеше да претрпи и поубедлив пораз, но ВАР системот поништи гол на Борнмут во судиското продолжение. Головите ги постигнаа Соланке уште во петтата минута, додека во вториот дел во листата на стрелците се запишаа Билинг и Сенеси.
Борнмут на „Олд Трафорд“ ја оствари првата историска победа.
Во другите одиграни натпреаври, Брајтон и Барнли ремизираа (1:1), со ист резултат заврши и дуелот меѓу Вулвс и Нотингем форест (1:1), а Шефилд го совлада Брентфорд (1:0).