Бројот на загинатите израелски војници за време на копнената офанзива против Хамас во појасот Газа се искачи на 97, соопшти ИДФ.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека четворица војници биле убиени вчера и денеска за време на борбите во јужниот дел на Појасот Газа, а еден им подлегнал на раните здобиени на 7 октомври.
Тие додаваат дека уште 12 војници од неколку единици биле тешко ранети за време на вчерашните и денешните борби во Газа.