Гостивар од пенал ја совлада Македонија ЃП, гостите гневни на судијата Стојанов

Во воведниот натпреавр од последното есенко 18. коло во прволигашката фудбалска конкуренција на домашната сцена Гостивар со гол од пенал во последната 90 минута ја скрши Македонија ЃП (1:0).

Домаќинот Гостивар не искорсити четити идеални шанси, а Македонија ЃП една, па решавачкиот чин се случи во 90 минута кога судијата Стојанов покажа на белата точка, а Кехинде најстрогата казна ја претвори во победнички погодок.

На овој пенал му претходеше спорна ситуација во казнениот простор на домаќините, но судијата не се огласи, но затоа пак по мечот револт и горчина за срамна одлука искажуваат од таборот на Македонија ЃП.

Последното есенско коло ќе биде комплетирано утре со натпреаврите: АПО Брера – Шкупи, Шкендија – Силекс, Струга ТЛ – Брегалница, Вардар – Тиквеш, Воска – Работнички.

Треба да знаете
Последни објави