Последниве денови по социјалните мрежи кружат слики и видеа од струјомерите како не префрлаат на ефтина тарифа во преидот од 13 до 15 часот. Оваа олеснување граѓаните требаше да ја користат од 1 декември. Поради непојавувањето на Т2 тарифата на стујомерите во временскиот период од денот одреден за користење ефтина струја граѓаните искажуваат револт.
Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика Марко Бислимовски веќе изјави дека не е реално 600 илјади броила да бидат сетирани во еден ден. Бислимовски испраќа смирувачки тонови дека никој нема да биде оштетен. Од ЕВН Македонија велат дека воведувањето на евтина тарифа се прави по истиот принцип како и при укинувањето, односно тие домаќинства на кои први им беше укината оваа бенефиција сега први ја добија. До крајот на месецов сите струјомери ќе префрлаат на евтина тарифа, уверуваат од енергетската компанија.