Американската влада користи итни овластувања за да одобри продажба на околу 14.000 противтенковски ракети на Израел

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ги искористи своите итни овластувања за да одобри продажба на околу 14.000 противтенковски ракети на Израел без одобрение од Конгресот, соопшти синоќа Пентагон.

Стејт департментот го информираше Конгресот дека е доделено итно овластување според Законот за контрола на извозот на оружје за продажба на 13.981 тенковски гранати во вредност од 106,5 милиони долари, кои треба веднаш да бидат доставени до Израел, се вели во соопштението на Пентагон.

Владата на Бајден претходно побара од американскиот Конгрес одобрение за продажба на вкупно 45. 000 тенковски гранати во вредност од над 500 милиони долари.

„Државниот секретар (Ентони Блинкен) утврди и детално му аргументираше на Конгресот дека е неопходно веднаш да се продаде оваа муниција на израелската влада (. . .), заобиколувајќи го разгледувањето во Конгресот, што вообичаено се бара со законодавството за контрола на извозот на оружје, се вели во соопштението на Стејт департментот. 

Треба да знаете
Последни објави