Најмалку 12 лица загинаа во уривање на рудник за злато недалеку од градот Икабара на југозападот на Венецуела, пренесуваат медиумите.
Во соопштението за медиумите се наведува дека свлечиштето го погодило рудникот „Параиба де Сан Хозе де Вадамапа“ во државата Боливар, недалеку од границата на Венецуела и Бразил.
Агенцијата за проценка на ризик и цивилна заштита објави на социјалната платформа Х (Твитер) дека обезбедува храна, вода и лекови за загрозените, а во исто време го координира трансферот на телата во Пуерто Ордаз, оддалечен околу 700 километри на север.
Непрофитната организација СОС Ориноко го означи инцидентот како „предвидена трагедија“, наведувајќи ја претходната несреќа во ноември во кој имаше неколку повредени. Организацијата ги обвини властите дека дозволиле рудникот да продолжи со работа и покрај познатите ризици.
Вкупно четири такви несреќи се регистрирани во рударските области на Боливар досега во 2023 година. Еден од најзабележителните инциденти беше на 30 јуни, кога 13 рудари загинаа, а 124 други преживеаја колапс во рудникот Ла Талавера лоциран во Ел Калао.